Бостон падна по продолжение, Таунс броеше до 44 (ВИДЕО)

Бранителот на титулата НБА лигата, Бостон Селтикс ја почувствува горчината на поразот, првпат оваа сезона.

Индијана го најде лекот за него откако на домашен терен славеше со 135-132. Мечот беше решен по продолжение, а победата на Пејсерс доаѓа по серијата од три порази. Бостон тотално потфрли во одбраната, за само три четвртини прими 100 поени, па малку стегна во последниот период кој го доби со 38-24 и се избори за продолжение.

Во дополнителните пет минути требаше шампионот да ја има психолошката предност, но не се случи тоа. На 39 секунди пред, Вајт го донесе Бостон во водство, веднаш вратија домаќините, а потоа Тејтум промаши за нова предност на Селтикс. Клучната тројка, на седум секунди пред крајот ја погоди Паскал Сијакам, а потоа со истекот на времето промаши Џејлен Браун кој не успеа да се избори за ново продолжение. Најдобар кај Индијана беше Бенедикт Матурин со 30 поени, Сијакам додаде 29 поени и 11 асистенции. Тејтум го предводеше Бостон со 37 поени.

Карл Ентони Таунс го одигра најдобриот натпревар откако се пресели во Њујорк. Никс славеа на гостувањето кај Мајами со 116-107, а репрезентативецот на Доминиканска Република постигна 44 поени, плус 13 скока и 2 асистенции.

РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - Торонто 138-133
Кливленд - ЛА Лејкерс 134-110
Индијана - Бостон 135-132
Филаделфија - Детроит 95-105
Вашингтон - Атланта 133-120
Мајами - Њујорк 107-116
Чикаго - Орландо 102-99
Мемфис - Бруклин 106-119
Оклахома - Сан Антонио 105-93
Голден Стејт - Њу Орлеанс 104-89
ЛА Клиперс - Портланд 105-106