Оклахома удира со сета сила на почетокот од сезоната (ВИДЕО)

Тимот на Оклахома Сити Тандер многумина го гледаат како еден од главните фаворити за титулата оваа сезона, а тој тоа го оправдува уште од почетокот.

Ноќеска, Оклахома ја оствари третата победа (3/0) и повторно со висока разлика, како што претходно ги совлада Денвер и Чикаго. Нова жртва на Тандер беше Атланта која како домаќин ја победи со 128-104.

Гостите доминираа цело прво полувреме, имаа предност и од 10 разлика, но со серија од 13-0 во третиот период, Оклахома ја презеде контролата над резултатот. До крајот на таа четвртина се играше израмнето за последните 12 минути домашниот тим да ги добие со 39-18 и да дојде до убедлив триумф.

Шеј Гилџес-Александер беше прво име на мечот со 35 поени, 11 скока и 9 асистенции, а Холмгрен ја потврди добрата форма од почетокот на сезоната и постигна 25 поени и 9 скока. Кај Атланта, која беше без Богдан Богдановиќ, Јанг заврши со 24 поени.

РЕЗУЛТАТИ
Голден Стејт - ЛА Клиперс 104-112
Оклахома - Атланта 128-104
Бруклин - Милвоки 115-102
Портланд - Њу Орлеанс 125-103
Индијана - Филаделфија 114-118