Мбапе доби прекар по битолски - урнебесен е (ФОТО)
Изданието на Килијан Мбапе на вчерашниот натпревар против Барселона предизвика потсмев на социјалните мрежи, а се истакнаа и битолските сеирџии. Тие му измислија нов прекар на францускиот репрезентативец за кого велат дека ако бил од Битола, ќе го викале - Офсајдо. Алузијата е јасна - Мбапе синоќа буквално се удави во офсајд, противничкит фудбалери дури осум пати го фатија во недозволена позиција.