Хорор во Мексико: Го киднапирале судијата, па го опиле, издрогирале и – ограбиле!

Росарио Карденас требало да биде главен судија на големата мексиканска фудбалска пресметка помеѓу Монтереј и Тигрес (4-2), но наместо тоа бил мета на разбојници.

Тој бил нападнат од непознати сторители, кои го грабнале од кафуле и го сместиле во хотелска соба, каде што го дрогирале, опиле за да го ограбат. На Карденас му биле одземени парите, телефонот и паричникот, а бидејќи беше утврдено дека не може да го суди натпреварот, тој бил разрешен од должноста и Мексиканската федерација делегирала нов судија.

Во овој инцидент, за среќа, немало повредени и Карденас наскоро ќе им се врати на редовните обврски по менталното закрепнување.