Роналдо не играше, Ал Наср едвај освои бод против еден од најслабите во лигата (ВИДЕО)

Поради здравствени проблеми на неговата партнерка Георгина Родригез, Кристијано Роналдо не играше вечерва против Ал Колод, а неговиот Ал Наср загуби два важни бода во битката за титулата во првенството на Саудиска Арабија.

Всушност, можеше да ги загуби сите три да не беше пеналот во 95. минута кој во гол го претвори Талиска за 3-3. Натпреварот го одбележаа пресвртите бидејќи домашниот тим поведе со 1-0, Ал Наср преку Лапорт и Талиска сврте на 2-1, а потоа Ал Колод постигна два гола и во 71. минута дојде до 3-2. Како и на претходниот меч, Ал Наср доби пенал во финишот со кој се спаси од пораз.

Ал Колод е еден од најслабите тимови во првенството на Саудиска Арабија и пред ова коло се наоѓаше во зоната за испаѓање, со само пет кола. Ако Ал Наср утре го победи Ал Тавон, негативата на Ал Наср ќе изнесува шест бода по само осум кола во првенството. Во следното коло, на 1 ноември, се среќаваат токму екипите на Ал Наср и Ал Хилал.