Несторовски стрелец во ремито на Славен Белупо (ВИДЕО)

Славен Белупо денеска одигра 2-2 во натпреварот против Шибеник, а во овој натпревар во листата на стрелци се запиша македонскиот напаѓач Илија Несторовски.

Гостинскиот тим прв дојде до водство со голот на Божиќ по 20 минути игра, додека Несторовски на сцена стапи десет минути подоцна. 

Македонскиот напаѓач успеа со глава да го матира противничкиот голман по едно нафрлување од слободен удар. Во вториот дел видовме уште по еден гол на двете страни, па екипите ги поделија бодовите.

За Несторовски ова беше втор гол оваа сезона.