Удинезе го победи Каљари и продолжи да сонува битка за Европа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Удинезе го совладаа Каљари со резултат на домашен терен во рамките од 9. коло во Серја А.
 

Ако се суди по девет одиграни натпревари Удинезе би можел да се вмеша во борбата за местата кои водат во Европа каде што не играле уште од 2013 година.

Удинезе одлично започна, а потоа дојдоа до натпревари со Рома, Интер и Милан против кои не успеаа да освојат бодови, но во дуелите со условно кажано „помалите“ екипи можат да бараат своја шанса.

Против Каљари oтворија со голот на Лука Лоренцо кој беше негов петти во сезоната, додека во вториот дел во листата на стрелци се запиша Кеинан Дејвис. Треба да се спомене и дека по половина час игра, Каљари остана со играч помалку по исклучувањето на Антоан Макумбу.

Во овој момент Удинезе со девет одиграни натпревари се наоѓа на четвртата позиција.