Ливерпул пронајде засилување во нападот: Пристигнува сонародник на Салах?

На Ливерпул кој е предводен од Арне Слот сезонава му оди одлично, но веќе се најавува кој би можел да ги засили „црвените“ во зимскиот преоден рок.

Летово Ливерпул го напуштија неколку фудбалери, како и тренерот Јирген Клоп, а ангажиран беше само Федерико Киеза кој физички се уште има потешкотии. 

Иако им оди одлично во Ливерпул се свесни дека потребен им е поширок состав ако сакаат да останат конкурентни до крајот на сезоната која е долга и со многу натпревари.

Едно од имињата за кои се пишува е египетскиот напаѓач Омар Мармуш кој блеска во Ајнтрахт Франкфурт.

На 11 натпревари сезонава напаѓачот постигна 10 голови и запиша седум асистенции. Станува збор за фудбалер кој може да игра на сите позиции во нападот и тоа е многу важно за Слот.