Медведев им се придружи на Синер, Алкараз и Зверев

Данил Медведев и официјално го обезбеди своето учество на завршниот АТП Мастерс кој ќе се игра оваа година во Торино.

Во кариерата Медведев веќе успеа да го освои овој трофеј кога во 2020 година во Лондон го победи Доминик Тим со 2-1 во сетови.

Претходно пласман обезбедија: Јаник Синер, Карлос Алкараз и Александар Зверев. Ќе потсетиме, на турнирот играат најдобрите осум тенисери на АТП листата.

Турнирот ќе се одржи во периодот помеѓу 10 и 17 ноември.