Легендарниот болид на Шумахер ставен на аукција, може да го сруши светскиот рекорд

Болидот кој го возеше легендарниот седумкратен светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер ќе се најде на аукција.

Според најавите се очекува износот кој ќе биде платен за болидот Ферари 248 Ф1 од 2006 година да ја надмине сумата од десет милиони евра и така да стане најскап во историјата.

Шумахер со овој болид оствари пет победи, а вкупно седум пати беше на пиедесталот. Кон крајот на 2007 година приватен колекционер го купи болидот директно од Ферари и сега одлучил да го продаде во беспрекорна состојба.

Рекордот во овој момент исто така го држи Ферари со болидот од 2001 година кој е продаден за 11.4 милиони долари.