Торцида Санџак објави како со пиротехника пробува да го прекине мечот со Партизан (ВИДЕО)

Навивачите на Нови Пазар се обидоа да го прекинат натпреварот против Партизан, кој завчера се одигра во нивниот град, но нивниот обид остана неуспешен па средбата се доигра до крајот и заврши со триумф на црно-белите (4-3).

Маскираните хулигани успеаја делумно да го прекинат мечот кога одекнаа неколку детонации надвор од стадионот. Тоа беа топовски истрели кои беа упатени кон трибините кои беа празни, бидејќи Нови Пазар беше казнет да игра без публика. Токму поради ова, навивачите на домашниот тим протестираа, па дури и бараа од фудбалерите да не го играат овој натпревар.

Потоа се испостави дека имало и жесток судир на улиците со полицијата, што довело до апсење и гонење на хулиганите. Сега лидерот на навивачите на Нови Пазар, Белмир Х кој важи за предводникот на „Торцида Санџак“, објави видео на кое може да се види „акцијата“ на неколку членови на групата, кои ги прескокнале оградите на блиското училиште, потоа поминале низ училишниот двор и потоа испукале неколку топовски истрели поради што натпреварот бил накратко прекинат.

Со ова видео тие сакаа да покажат дека нивните членови не ја нападнале полицијата и дека нивниот чин не може да се оквалификува како напад на службено лице.