Леброн по настапот со синот Брони: Не сакавме да правиме циркус на мечот!

Лос Анџелес Лејкерс ја почна сезоната со победа од 110-103 против Минесота тимбервулвс, а мечот ќе остане запаметен по настапот на Леброн Џејмс и неговиот син Брони Џејмс.

Леброн одигра 13 минути за Лејкерс, па заедно со неговиот син испиша историја како први татко и син кои настапиле заедно на натпревар во НБА-лигата.

„Тој момент нема никогаш да го заборавам. Без разлика колку години имам и колку убави спомени, сепак ова беше нешто посебно. Имавме важна задача на теренот. Не сакав да правиме циркус на мечот. Не сакам сè да се врти околу нас, најважна беше победата на тимот“, кажа Леброн.