Сензационална најава: Ибрахимовиќ и Руни влегуваат во боксерски ринг?

Златан Ибрахимовиќ наскоро би можел да влезе во боксерскиот ринг. Оваа информација можеби звучи изненадувачки, но во последните неколку дена се прошири во британските медуми, а потоа и во остатокот од Европа.

Имено, организацијата „Мisfilis Boxing“ сака да го види Ибрахимовиќ во рингот во склоп на еден од своите настани.

Станува збор за организација која е во сопственост на јутјуберот „КSI“. Сите борби од оваа организација се пренесуваат на „ДАЗН“, а можноста за појавување на Ибрахимовиќ, но и Руни во рингот ја најави Мамс Тејлор кој се занимава со договорање на борби помеѓу светските ѕвезди.

„Се обидов да го убедам Златан да боксува. Добар пријател сум со неговиот менаџер и разговаравме на видео  повик сите тројца. Тој го следи боксот и би било интересно да го видиме во рингот.  Разговори водевме и со Вејн Руни. Мислам дека е само прашање на време кога ваквите идеи ќе се реализираат“, изјави Тејлор.

За Руни како и за Ибрахимовиќ од претхјодно е позната неговата страст кон боречките спортови, а двајцата беа и соиграчи во Манчестер Јунајтед.