Вардарецот Борозан искасан од кучиња-скитници – нема да игра против Порто!

Ракометарите на Вардар утре ќе го пречекаат тимот на Порто во меч од 3. коло од Европската лига, во меч во кој ќе влезат сериозно ослабени.

Во тимот на оваа средба нема да биде црногорскиот интернационалец, Вуко Борозан, кој бил жртва на бизарен напад во Скопје – бил нападнат од кучиња-скитници.

„Вуко беше нападнат од кучиња. Беше во болница и има 15-тина конци на раката. Тој сигурно нема да игра на утрешната средба, но и кога би можеле пак да сметаме на него“, изјави тренерот на Вардар, Владо Недановски, на денешната прес-конференција.

Ракометарот ги шетал своите деца, па голема среќа било што не настрадало некое од нив.