Нејмар во солзи: Се враќам...(ВИДЕО)

 Бразилскиот напаѓач, Нејмар во 2023 година премина во саудискиот Ал Ахли, но кон средината на откромври се здоби со тешка повреда на лигаментите и менискусот.

Поради тоа досега одигра само пет натпревари за клубот од Саудиска Арабија, а сега своето враќање го најави во солзи.

„Знам дека сте нетрпеливи и јас сум, но 21. октомври се враќам на фудбалот. Тоа што најмногу го сакам во животот е да играм фудбал. Патам секој ден ткако сум далеку од фудбалот. Се враќав по секој повреда и претходно, така ќе биде и сега“, изјави Нејмар.

Нејмар се повреди во настапот за Бразил во квалификациите за Светското првенство 2026 година против Уругвај.

„Тоа е она што најмногу ме боли. Моето доаѓање во Ал Хилал, раѓањето на мојата ќерка, годината беше одлична, а потоа дојде повредата. Почувствував голема болка и веднаш знаев дека е сериозно. Во животот најважни ми се пријателите, семејството и фудбалот“, зборуваше Бразилецот.

Нејмар отпатува во Обединетите Арапски Емирати и денеска би требало да настапи во азиската Лига на шампиони против Ал Аин во натпреварот кој се игра од 18:00 часот.