Тренерот на Барса ги изнервира навивачите на Звезда: Пантер и Весели одиграа за Партизан

Шефот на стручниот штаб на Барселона, Жоан Пењароја не го криеше своето задоволство од триумфот на неговиот тим на тешкото гостување во Белград во ситуација кога Црвена Звезда имаше перфектен старт на сезоната.

Каталонскиот тим неколку пати беше на работ на бездната, но успеа да се врати и на крајот, предводен од фантастичниот Кевин Пантер да дојде до важниот триумф со кој се израмни со денешниот ривал.

„Задоволство е да се игра во Белград во ваква атмосфера. На крајот победивме иако долго време имавме проблеми со нивните тројки. Среќен сум поради сите играчи, но особено поради Кевин Пантер и Јан Весели кои одиграа за Партизан“, рече, меѓу другото, Пењароја.

Двајцата екс-играчи на Партизан очигледно беа екстра мотивирани на овој натпревар бидејќи заедно постигнаа речиси половина од поените на Барселона. Пантер беше најефикасен со 26, а Весели веднаш зад него со 19 поени.