Капитенот на Челси не може да издржи повеќе од еден меч неделно!

Челси в недела продолжува со дуелите од Премиерлигата, а тренерот Енцо Мареска претходно зборуваше за неговите фудбалери, меѓу кои и капитенот Рис Џејмс кој се мачеше со повреди.

Џејмс пропушти голем број натпревари поради повредите со кои се соочи, а Мареска откри дека капитенот на Челси е подготвен да игра само по еден меч неделно.

„Телото на Џејмс не може да издржи повеќе од еден натпревар неделно. Комплицирано е кога ќе ви се случат повеќе повреди во краток период. Секогаш барате решение, а во моментов нема друга опција“, кажа Мареска.

Челси во моментов е на четвртата позиција во англискиот шампионат со 14 бодови, односно четири помалку од Ливерпул.