Станковски погоди за Раднички во победата против ТСЦ Бачка Топола (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Лука Станковски се запиша во листата на стрелци на мечот меѓу Раднички Крагујевац и ТСЦ Бачка Топола (2-0).

Станковски во втората минута искористи грешка на дефанзивец на ТСЦ и му ја украде топката, по што ја затресе мрежата на домаќинот за водство од 1-0.

Раднички до крајот на мечот постигна и втор гол и го потврди триумфот од 2-0, со што стигна до 17 бодови и се искачи на петтото место на табелата.