Холанѓанецот кој одигра 46 натпревари за репрезентацијата објави крај на кариерата

Холанѓанецот Кевин Стротман кој во кариерата играше за повеќе европски клубови денеска на 34-годишна возраст објави крај на кариерата.

Последниот клуб во кариерата на Стротман беше Џенова со која на ја продолжи соработката по истекот на договорот.

По извесно време во кое не можеше да пронајде соодветен ангажман, Стротман одлучи дека е време да се збогува со професионалниот фудбал.

„На кариерата и дојде крајот. Ти благодарам, фудбал“, објави Стротман на социјалните мрежи.

Во кариерата холандскиот играч за врска настапи на 46 натпревари за репрезентацијата, а во клупската кариера покрај Џенова беше дел од: Спарта Ротердам, Утрехт, ПСВ, Рома, Олимпик Марсеј и Каљари.