Селекторот Грчевски го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски денеска го објави списокот на повикани ракометарки за претстокната ЕХФ национална недела во период 21.10.2024 до 27.10.2024.

Македонија во ЕХФ националната недела ќе настапи на „Трофејот Карпати“ во Романија кој ќе се игра од 24 до 27 овој месец. На турнирот ќе ги одмериме силите со Романија, Словачка и Швајцарија.

На списокот на Грчевски место имаше за 22 ракометарки.