Леворак плејмејкер од САД ќе ја „оправа“ работата во Работнички!

Американецот Џексон Дубински (28 год, 185 см) е најновата аквизиција за екипата на Работнички и тоа во пресрет на вечното дерби против МЗТ Скопје закажано за в сабота во СРЦ „Кале“.

Станува збор за леворак плејмејкер, кој одлично ги познава приликите во македонската кошарка со оглед што минатата сезона ја одигра во дресот на Еуро Никел (сегашен Тиквеш), каде шти настапуваше и во периодот помеѓу 2020 и 2022 година. Дубински важи за одличен шутер, особено за три поени, а за неговите поентерски способност говори и просекот од 15,6 поени, кој го имаше во минатото првенство во дресот на кавадарчани. Помеѓу двата престоја во Кавадарци, тој настапуваше за литванскиот тим Јонава како и на грчкиот второлигаш Мегаридас.

Американецот доаѓа на местото на босанскиот интернационалец, Његош Сикираш.