Неверојатно: Германците во Дрезден изградиле стадион без тоалети и без – семафор!

Градските власти на Дрезден, главниот град на германската покраина Саксонија, неодамна го отворија реновираниот стадион „Хајнц-Штајер“, кој чинел 54 милиони евра и кој бил завршен со еден „мал“ пропуст – без семафор.

Стадионот беше отворен дури во август, а веднаш се забележа дека нешто недостасува.

„Градот го заборави семафорот, Сè уште не можам да објаснам како може да се изгради стадион без семафор“, изјави Јенс Геншмар, градскиот советник за спорт на Дрезден

Благодарение на креативноста на фудбалерите на Дрезднер, еден брзо беше импровизиран.

„Направивме семафор од иверица и ја обоивме во боите на клубот. Привремената табла ќе се користи за време на натпреварите на стадионот, но клубот се надева дека наскоро ќе биде поставена соодветен семафор“, изјави директорот на ФК Дрезден, Маркус Зилих.

Причина за пропустот каков би можеле да очекувате на Балканот, а не во Германија е што градот немал средства за негова набавка, иако тој би чинел само 25.000 евра. Тоа не е единственото што фали, бидејќи немало пари ниту за изградба на тоалети, па екипите што играат на него за натпреварите мора да изнајмат подвижни тоалети. Пропусти биле наменети за намалување на трошоците за изградба, но и тоа не помогнало бидејќи оригиналниот буџет за изградба беше 34 милиони евра, но на крајот, чинеше 20 милиони евра повеќе.