Лани Партизан, сега Ц. Звезда: Белградска арена распродадена додека - трепнеш!
Црвено-белите во првите три кола забележаа максимален учинок и сега се лидери на табелата во Евролигата.
Пред Звезда паднаа Париз, Басконија и Фенербахче, а екипата на Јанис Сферопулс веќе во петок го чека нова препрека и тоа шпанска Барселона.
Денес во 12:00 часот Звезда ги пушти во продажа билетите за овој натпревар и веќе во 16:00 часот билети немало. Останат бил само по некој билет за ВИП местата покрај теренот и ложата.
Ова значи дека „Арената“ е распродадена и Барселона ја чека „жешка“ атмосфера. Пред натпреварот против Барселона во домашното првенство Звезда ќе игра против Раднички.