Скандал во најава: ПСЖ правел списоци на расна основа?

Во Париз неколку месеци се води истрага против Пари Сен Жермен за постоење на можен список на играчи по етничка основа, а процедурата е започната по жалбата од организацијатата на лигата за човечкови права.

Обвинителството во Париз денес потврди дека истрагата е отворена во мај и случајот веше предмет на истрага и затворен во август 2022 година.

„ПСЖ не направил никаква дискриманиција, тоа го покажа и обвинителството кое најави дека нема да има никаква процедура“, изјави адвокатот на францускиот клуб Антоан Мезонев.

Кон крајот на 2018 година еден медиумски колектив пишуваше дека во ПСЖ се носеле играчи по етички критериуми помеѓу 2013 и 2018 година.

За тој случај ПСЖ мораше да плати парична казна во износ од 100.000 евра во јануаро 2019 година. Казната беше изречена од дисциплинската комисија на француската Лига 1.

Лигата за човечкови права денеска соопшти дека се задоволни што истрагата повторно е отворена и додаде дека се доведува во прашање работата со секцијата за регрутирање на играчите.