На Островот не се среќни со Тухел: Црн ден за Англија! (ФОТО)

Утрово беше потврдено дека Томас Тухел ќе ја води Англија од јануари 2025 година, но во јавноста веќе се појавија негативни коментари на сметка на германскиот стратег.

„Дејли Мејл“ на насловната страна објави фотографија од Тухел со наслов „Црн Ден за Англија“.

Незадоволен од изборот на Тухел е и легендарниот Хари Реднап.

„Тухел нема некој посебен успех. Брзо губеше работа во одредени клубови. Патриотски сум настроен и сметам дека треба да имаме англиски менаџер, но очигледно и изборот беше мл. Англичаните сега немаат многу шанса да се докажат во Премиер лигата затоа што странските сопственици носат странски менаџери. Во Премиер лигата имаме само двајца-тројца англиски тренери“.

„Тухел е далеку од Клоп кој имаше успех со Ливерпул. Треба да имате малку здрав разум и да изберете вистинските играчи на вистинските позиции. Не знам дали Тухел е способен за такво нешто“, изјави Реднап.