Мбапе оди на суд со ПСЖ - бара отштета од 55 милиони евра!

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе отвори постапка против неговиот поранешен клуб ПСЖ и тврди дека гигантот му должи 55 милиони евра кои не биле исплатени како плати и бонуси.

Двете страни денеска ќе се соочат и ќе ги изнесат своите докази во судскиот спор со цел да се надмине во најкраток можен рок.

Мбапе во меѓувреме се најде во центар на внимание поради друг скандал, односно силување во Шведска, но Французинот веднаш објави дека станува збор за лажна вест.

Француската лига му нареди на ПСЖ во септември да му го исплати долгот од 55 милиони евра, па сега комитетот ќе треба да решава дали одлуката е исправна.