Фудбалерите на Нигерија оставени 13 часа на аеродром без храна и вода

Фудбалската репрезентација на Нигерија објави дека нема да го игра натпреварот против Либија во рамките од квалификациите за Афринаксиот куп на Нации.

Причината за ваквиот потег на Нигерија е што фудбалерите чекале дури 13 часа на аеродром без вода и храна.

Натпреварот помеѓу Либија и Нигерија беше закажан за утре во рамките од четвртото коло, меѓутоа истиот нема да се игра.

Во јавноста се огласи капитенот на Нигерија, Трост Еконг.

„Како капитен, заедно со тимот одлучивме дека нема да играме. Побаравме од владата на Нигерија да интервенира и да не спаси. Сум искусил многу работи при настапите во Африка, но ова е срамно однесување“, изјави Еконг.