Шок за Реал: Дефанзивецот принудно ја завршува кариерата?!

Давид Алаба важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот, стоперот и левиот бек на Реал кој е капитен на репрезентацијата од повреда требаше да се врати овој месец, но шпанските медиуми пренесуваат дека се појавиле компликации околу неговото опоравувањето.

Сега „Онда Серо“ оди и подалеку тврдејќи дека асот на Реал би можел да ја заврши кариерата.

„Постојат стравувања дека Алаба нема да се врати на фудбалот. По секој тренинг чувствува силна болка затоа што му е истрошена рскавицата на коленот о и поради тоа доаѓа до триење на двете коски“, пишува медиумот.

Алaба не игра за Реал уште од 17 декември минатата година кога се повреди против Виљареал поради што му беше направена операција од која следи долго процес на опоравување.