Џани добро расположен пред Ерменија - потсети на „лудориите“ од Лидс (ВИДЕО)

Maкедонската фудбалска репрезентација денеска го игра натпреварот во Ереван против Ерменија, а пред овој натпревар Езгјан Алиоски потсети на „лудориите“ по кои беше препознатлив во Лидс.

Алиоски најмногу додека беше во Лидс често пати го привлекуваше вниманието со разни потези на официјалните канали, а сега тоа го направи во македонската репрезентација.

При излегувањето Алиоски покажа дека е добро расположен, па одлучи да се пошегува. Инаку, Алиоски во Ереван ќе стартува од првата минута.