Рафа Надал му одговори на Ѓоковиќ и тоа на – српски јазик (ФОТО)

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, по победата на 65. играч во светот, Чехот Јакуб Меншик (6-7, 6-1, 6-4) и пласманот во полуфиналето на мастерсот во Шангај изјави дека тоа беше „апсолутно голема борба“ и неизвесна до самиот крај.

Српскиот тенисер го спомена и најавеното пензионирање на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, наведувајќи дека тој „се уште е во шок, иако се знаеше дека тој момент се ближи“. Шпанецот, денеска, ја сподели објавата на Ѓоковиќ, а потоа му се заблагодари со зборови на српски: „Ти благодарам Ноле!“

Надал потоа на англиски додаде:

„Поминавме низ толку многу, но уште толку работи допрва доаѓаат“.