Беса го потврди новиот тренер, ќе дебитира против Вардар
Имери последниот ангажман го имаше во Воска Спорт каде што забележа солидни резултати. Охридскиот тим го водеше од 2022 до 2023 година и успеа да се избори за пласман во прволигашкото друштво.
Работеше Имери и во младинскиот тим на Шкендија во минатото со кој играше и во младинската Лига на шампиони.
На клупата на Беса, Имери ќе дебитира во натпреварот против Вардар кој ќе биде од голема важност во битката за опстанок.