Реал Мадрид подготвува 100 милиони евра за француски репрезентативец?

Aко судиме според најавите на шпанските медиуми, Реал Мадрид во наредното лето ќе се засилува во сите линии на тимот, но приоритет е одбраната.

Тука прва позиција е Вилијам Салиба од Арсенал, одличниот стопер на Арсенал и репрезентативецот на Франција.

Салиба е еден од лидерите на Арсенал и минатата сезона ја одигра секоја минута во Премиер лигата и тоа доволно зборува колку е важен за Артета, а не треба да се заборави и дека има 23 години.

Неговиот договор со Арсенал е со важност до 2027 година и се очекува Реал за него да понуди сума од околу 100 милиони евра, но прашање е колку Арсенал би бил расположен да преговара.