Стартен состав: Милевски со Елмас и Миовски ја напаѓа Летонија! (ФОТО)

Maкедонската фудбалска репрезентација денеска од 18:00 часот го игра натпреварот во Рига против Летонија, а на нешто повеќе од еден час познат е и стартниот состав.

Од стартниот состав на Милевски отпадна Бојан Димовски поради вирус и тој е на клупата за резерви.

Македонија стартува вo стандардната формација и без изненадувања во составот: На голот е Димитриевски, Алиоски, Муслиу, Манев и Ашковски во последната линија. По страничните позиции во средниот ред место добија Барди и Бабунски, а во средината Атанасов и Исник Алими.

Во нападот очекувано како најистурен е Миовски и зад него Елмас.