Не е само Надал: Уште еден тениски ветеран најави пензија

Главна вест во тенискиот свет денеска е најавената пензија од страна на Рафаел Надал, но уште еден тениски ветеран исто така најави повлекување.

Ришар Гаске кој има 38 години најави дека на Ролан Гарос во 2025 година ќе го има последниот настап во кариерата.

Информацијата Французинот ја потврди за „Л’Eкип“.

„Кариерата ќе ја завршам на Ролан Гарос следната година, верувам дека тоа е најдобриот момент да го направам тоа. За еден Французин фантастично е токму таму да го имате последниот настап“, изјави Гаске.

Гаске во светот на тенисот се појави како 15-годишник во 2022 година и зад себе во 23-годишната кариера oсвои 16 титули. На грен-слем турнирите најдалеку стигнуваше до полуфиналето (Вимблдон 2007, УС Опен 2013 и Вимблдон 2015).