Семејството Дел Пјеро по 12 години повторно ќе има претставник во Јувентус!

Алесандро Дел Пјеро е една од најголемите икони на Јувентус, а по неговите стапки тргна и неговата ќерка Доротеа Дел Пјеро која потпиша за бјанконерите.

Доротеа стави потпис на договор со женскиот тим на Јувентус до 17 години и ќе се обиде да го оправда славното презиме.

Ќерката на Алесандро е родена во 2009 година, а почна да игра фудбал во академијата на Јувентус во САД каде што се пиклучи во 2022 година.

Сега се враќа во Торино и ќе игра за тимот до 17 години.