Ѓорческа елиминирана уште на стартот на фјучрсот во Братислава

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа во првото коло го заврши настапот на ИТФ фјучрсот во Братислава кој се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Македонката беше поразена од петтата носиелка Антонија Ружиќ од Хрватска со 2-0 во сетови. Мечот траеше 70 минути. Беше 6-4 и 6-1 за хрватската тенисерка.

Интересно беше во првиот сет, по водството на Ружиќ од 1-0, Ѓорческа врза три гема во серија и поведе со 3-1, Лина имаше водство и од 4-3, но Хрватката направи серија од 3-0 и го доби сетот со 6-4.

Во вториот сет по 1-1 во гемови, Ружуќ освои пет по ред и убедливо со 6-1 го доби сетот.

Со оваа победа Ружиќ поведе со 2:1 во добиени мечеви против македонската тенисерка.