Американец одби да се поздрави со судијата, па - ептен сочно го опцу (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ по победата над Флавио Коболи ќе игра во осминафиналето на турнирот во Шангај против Роман Сафиулин, а неговиот меч со Френсис Тиафо имаше бурна завршница.

На 5-5 во тај-брејкот поради одолговлекување судијата го одзема првиот сервис на Тиафо по што следуваше кратка расправија.

Тоа скапо го чинеше американскиот тенисер кој ги изгуби наредните два поени, па Сафиулин дојде до победата и се избори за меч со Ѓоковиќ.

Бесниот Тиафо не сакаше да се поздрави со судијата, туку до него испрати пцовки.

„Е*и се човече, е*и се“, беснееше Тиафо.