Ѓоковиќ издоминира и за еден час обезбеди осминафинале во Шангај

Српскиот тенисер Новак Ѓоовиќ го победи Флавио Коболи со резултат 2-0 (6-1, 6-2) во третото коло од Мастерсот во Шангај.

Во саботата Ѓоковиќ беше подобар од Алекс Микелсен во второто коло, а сега издоминира за пласман во осминафиналето.

Првиот сет Ѓоковиќ го доби за само 32 минути игра откако на противникот му дозволи да освои само еден гем. Форхендот на Ѓоковиќ функционираше одлично во овој натпревар, па Коболи беше принуден да игра зад основната линија и само да ги враќа ударите на Новак.

Вториот сет на стартот донесе нешто подобра игра на Коболи и Ѓоковиќ дури во петтиот гем стигна до првиот брејк, но во проодлженија одново доминираше и го доби сетот со 6-2.