Мегваер потврди дека е повреден и вети: Ќе се вратам посилен!

Хари Мегваер нема да биде дел од престојните мечеви на англиската репрезентација, но ниту на Манчестер јунајтед, тој е повреден и ќе отсуствува извесен период.

Самиот Мегваер ја потврди повредата која ја заработил изминатиот викенд на мечот против Астон Вила.

„Фрустриран сум дека заработив повреда викендот, ќе бидам надвор од теренот неколку недели но ќе се вратам посилен“, рече Мегваер.