Фудбалерите летнаа по победа во Рига! (ФОТО)

Експедицијата на македонската фудбалска репрезентација денеска одлета кон Рига каде во четврток ѝ гостува на Летонија во меч од Лигата на нации.

Пред македонските фудбалери се два натпревари од Лигата на нации, на 10 октомври играме против Летонија во Рига, а три дена подоцна во Еревен против Ерменија.

Утре од 18 часот е предвидено нашата репрезентација да го одржи редовниот тренинг на стадионот каде што ќе го играме натпреварот.  

По две одиграни кола Македонија е прва во групата од Лигата на нации, целта е да се задржи таа позиција.

Милевски поради повреди за овие два натпревари нема да може да смета на Трајковски, Чурлинов и Трапановски кој не беше ниту на списокот.