Кузманоски: Спортинг игра во страшна форма, го покажаа тоа и против гигант како Веспрем

Екипата на Пелистер утре ја очекува натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите, а противник ќе биде португалски Спортинг.

Против Спортинг кој има три победи во првите три натпревари, Пелистер ќе игра на домашен терен и ќе се обиде да дојде до првите бодови во ЛШ. Ракометарот Цветан Кузмановски истакна дека станува збор за тим кој игра брз ракомет со многу голови, а за позитивен резултат посочува дека мораат да одиграат на високо ниво во одбраната.

Спортинг игра во страшна форма, тоа го покажаа и на домашен терен против еден гигант како Веспрем. Но, ние играме дома пред својата публика и како и на секој натпревар, ќе дадеме се од себе да се радуваме на први бодови сезонава. Играат брз и модерен ракомет со многу трчање, наше е да одиграме добро во одбраната и да го спречиме нивниот брз напад.

Натпреварот е закажан за во терминот од 20:45 часот.