Вардар по две години се враќа на европската сцена, исландски Валур гостува во Скопје!

Поранешниот европски шампион и најтрофеен македонски клуб, екипата на Вардар по пауза од две сезони денеска се враќа на европската сцена во второто по ранг натпреварување ЕХФ – Европската лига.

Првиот натпревар Вардар го игра на домашен терен, а во Скопје ќе гостува исландски Валур. Станува збор за екипа што игра модерен и брз ракомет и знае да биде незгоден противник, токму тоа на вчерашната прес-конференција го посочи и тренерот Владо Недановски.

Во натпреварот Вардар влегува и ослабен без левиот бек Димитро Хориха кој се повреди и го чека подолга пауза. Навор од терените беше и засилувањето Пинто, но за него Недановски изрази надеж дека би можел да се врати во составот.

Кога е тимот на Валур во прашање најмногу се очекува десниот бек Александар Петерсон и голманот Бјоргвин Густавсон.

Црвено-црните во овој прв натпревар на европската сцена по две години очекуваат и голема поддршка од публиката во СЦ „Јане Сандански“. Натпреварот се игра со почеток од 20:45 часот.