Тен Хаг посрамотен од ресторан за пици пред „Олд Трафорд“ (ФОТО)

Манчестер јунајтед има ужасни резултати на почетокот на новата сезона, а како главен виновник е означен тренерот Ерик Тен Хаг кој не ги прифаќа критиките и не планира да си поднесе оставка.

На социјалните мрежи има голем број критики за Тен Хаг, но и шеги на негова сметка, а дефинитивно „победникот“ е ресторанот за пици „Доминос“.

Ресторанот посочи дека вработува нови работници, но притоа понудата не важи за Холанѓанецот.

„Ѓаволите“ по седум одиграни кола во Премиерлигата имаат освоено само осум бодови.