Почина еден од најдобрите фудбалери во минатиот век!

Легендарниот холандски фудбалер и еден од најдобрите играчи во минатиот век, Јохан Нескенс почина на 74-годишна возраст, а информацијата ја потврди фудбалскиот сојуз на Холандија.

Нескенс најдлабока трага остави со настапите за Ајакс и Барселона. Со екипата од Амстердам освои титула во домашниот шампионат, Купот, Лигата на шампиони, Интерконтиненталниот куп и два Суперкупа на УЕФА, додека со Барселона го крена пехарот во Купот на победниците на Куповите.

Во кариерата играше и за Њујорк Космос, но и за Гронинген и други екипи, но беше и помошник тренер во Барселона, Галатасарај, Австралија, Холандија.