По 38 освоени пехари: Иниеста се збогува со фудбалот! (ВИДЕО)

Поранешниот шпански репрезентативец Андрес Иниеста пред неколку дена најави прес-конференција за медиумите на 8 октомври, но еден ден претходно објави видео по кое стана јасно дека ќе оди во пензија.

Иниеста на социјалните мрежи објави кратко видео со кое го најави крајот на својата богата кариера. По 38 освоени пехари, легендата на Барселона реши да го напушти спортот.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата има богата колекција од титули, односно ги освои Светското и Европското првенство, но и Лигата на шампиони, Ла Лига, шпанскиот и европскиот Суперкуп, Светското клупско првенство, како и многу други пехари.

Иниеста во кариерата играше за Барселона, Висел Кобе и Емирати, а го носеше и дресот на Шпанија од 2006 до 2018 година.