Скандал во Шангај: Судијата го ограби Вавринка! (ВИДЕО)

Станислав Вавринка беше елиминиран од Флавио Коболи со 1-2 во сетови (7-6, 6-7 и 3-6), а судијата во еден момент направи грешка, но никој од тенисерите не реагираше навреме.

Судијата по грешка му даде поен на Коболи (30-0), иако требаше да биде 15-15 на почетокот на третиот сет.

Коболи потоа го искористи тоа и направи брејк кој се покажа како решавачки во последниот сет од дуелот (6-3).