Конечно, добри вести за Барса - тројца повредени се враќаат по репрезентативната пауза

Барселона во одлично расположение и како лидер на табелата во Ла Лига влегува во двонеделната репрезентативната пауза, а пред клучниот период во овој дел од сезоната, тренерот Ханси Флик добри прекрасни вести.

За две недели, кога ќе продолжи клупскиот фудбал, а Барса ќе ја пречека Севиља, германскиот стручњак ќе може да смета на дури тројца играчи кои беа на лкстата на повредени. Се враќаат Фермин Лопес, Гави, Дани Олмо и Гави, а заедно со Де Јонг, кој малку играше и вчера против Алавес, тоа е квартет од кого многу се очекува во продолжение од сезоната. Освен тоа, се очекува на голот да дебитира Војчех Шчесни, па екипата ќе добие сигурност и на голот.

По паузата, Барса ја очекуваат три исклучително тешки меча во период од шест дена. По дуелот со Севиља, ќе го пречека Баерн во третото коло од Лигата на шампионите, а потоа следува првото Ел Класико за оваа сезона, на Бернабе. Од тие причини, исклучително ќе биде важно тоа што Флик ќе има повеќе фудбалери на располагање, па ќе може и да ротира ако треба да одмори некој од играчите.