Голманска криза кај Германците: Нагелсман повика тројца голмани без ниеден настап во националниот тим

Селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман се соочува со голманска криза пред претстојните натпревари од Лигата на нации.

Прво Мануел Нојер се откажа од националниот тим, потоа Марк Андре Тер Штеген доживеа тешка повреда поради која уште сега ја заврши сезоната, а повикот го одбил и чуварот на мрежата на Фулам, Бернд Лено. Тој разговарал со Нагелсман и тренерот на голманите Андреас Кроненберг, но одлучи да не ја прифати покана откако тие му кажале дека нема да брани.

Лено има 32 години, но само девет настапи за репрезентацијата на Германија бидејќи не можеше да дојде на ред од Нојер и Тер Штеген. Нагелсман ги избра Оливер Бауман од Хофенхајм, Јанис Блазвих од Салцбург и Александер Нибел од Штутгарт што е можеби накслабата голманска тројка во историјата на „панцирите“. Ниеден од нив досега не забележал настап во репрезентацијата на Германија, а се на возраст од 28 до 34 години.

На 11 и 14 октомври, Германија ќе се сретне со БиХ на гости и Холандија на домашен терен во третото и четвртото коло од Лигата на нации.