Челси го чека казна поради инцидентот на мечот со Нотингем Форест (ВИДЕО)

Англискиот гигант Челси одигра 1-1 против Нотингем Форест, меѓутоа екипата би можела да добие казна поради инцидентот кој се случи во завршницата од мечот.

Во 89. минута се случи сериозен инцидент кога Неко Вилијамс го сопна Марк Кукуреља, а притоа настрада и тренерот Енцо Мареска.

ВАР-системот реши да не додели црвени картони, но судијата покажа голем број жолти картони, при што Челси заработи шест жолти картони.

Челси ќе добие казна од 50.000 фунти, а тоа е двојно поголема сума од таа што ја платија по мечот против Борнмут.