Слатка победа за Гвардиола: Манчестер сити доби битка против Премиерлигата

Актуелниот англиски шампион Манчестер сити оствари победа на суд против Премиерлигата, откако судиите решија дека дел од правилата за спонзорство на првенството се незаконски.

Правилата на Премиерлигата за трансакциите со поврзани страни имаа за цел да ги спречат фирмите кои се поврзани со газдите на фудбалските тимови намерно да не плаќаат повеќе пари за соработка со клубовите.

Премиерлигата се обиде на ваков начин да ги запре контроверзните договори, откако бизнисмени од Саудиска Арабија го преземаа Њукасл.

Раководството на лигата сакаше да ги запре богатите газди за зголемување на приходите на своите тимови без да ги прекршат правилата на финансискиот фер-плеј и поради тоа Премиерлигата го одби спонзорскиот договор на Манчестер сити кој беше постигнат со „Итихад Авиејшн Груп“ на крајот на 2023 година, како и вториот договор со банка со седиште во Абу Даби.